Кнауф MP75 SL – Нов малтер со екстремно мала потрошувачка

Кнауф MP75 SL е нов производ на Кнауф - супер лесен фабрички подготвен гипсен малтер, воедно и многу лесен за работа.

Поради содржината на перлит, малтерот има екстремно мала волуменска тежина во однос на другите типови на малтери. Ова е особено значајно при изградба на високи згради, бидејќи овозможува значително намалување на тежината, што е голема предност за инвеститорите.

Кнауф MP75 SL се каактеризира со екстремно мала потрошувачка. Со една вреќа од 25 кг, може да се покријат приближно 3,6 м2 површина. Исто така времето за сушење е намалено за 2 до 3 пати. За споредба, се суши целосно во период од 10 до 14 дена, додека за истата дебелина на цементен малтер овој период трае и до 28 дена. Кнауф MP 75 SL е практичен и има широк спектар на апликации: подрум, таван, кујна, дури и бања - гипсените малтери можат да се користат насекаде.

Употребата на квалитетни гипсени малтери има директно и корисно влијание врз здравата околина дома и на работа. Гипсот има иста pH вредност како човечката кожа и не ослободува мирис. Гипсните малтери исто така се паропропусни и се во состојба да создадат "пријатна клима" во просторијата.

Повеќе за карактеристиките на Кнауф MP75 SL може да дознаете на овој линк.