Звучна изолацијаЕфикасно обезбедете мир и тишина. Повеќе изолација со помала тежина

Звучна изолација во новоградба и во санации

За повисок комфор и квалитет на животот

За ефикасно да се обезбеди мир во домот, денес не е потребен дебел ѕидарски елемент. Систем од 10-12,5mm со Кнауф Дијамант или Sonicboard плочи, може да ја намали бучавата до 74 dB.

Освен тоа, интелигентниот дизајн на Кнауф ги избегнува звучните мостови во ѕидовите - а со тоа преносот на звукот. Дури и во реновирањето на традиционалните системи, Кнауф пак може да Ви помогне. Со употребата на Кнауф ѕидните облоги со овие плочи, пак можете целосно и трајно да се изолирате од соседната просторија или од соседот. 

Со користењето на системи како Кнауф W115, можете да постигнете звучна изолација и над 70dB.

Споредба на звучната изолација: ѕид помеѓу соби

Кнауф Градба

  • Максимална звучна изолација, мала маса и тенки системи
  • Целосно заптиен систем на потконструкција и поплочување
  • Намален пренос низ бочни и фланкирачки елементи

Систем: W112

Тежина: 55kg

Ширина: 100mm

Rw: 59,4dB

Состав: CW50-профили, поплочување: 2х12,5mm Дијамант плочи, изолација: 40mm минерална волна

Масивна Градба

  • Потребен е “сендвич” ѕид од полни цигли за постигнување на звучната изолација според правилникот на Р.Македониј
  • Склоност на грешки при изведба (ѕидање, исполна на спојки, продори од инсталции, отвори за прекинувачи, итн)
  • Помала звучна изолација и покрај 50% поголемата ширина од Кнауф системот

Систем: малтерисан шуплив блок

Тежина: 132kg

Ширина: 150mm

Rw: 41dB

Звучната изолација, накратко објаснета

Откријте ги принципите на звучната изолација: