Кнауф го одбележа големиот јубилеј – 25 години работење

Со музика и забава и со многу гости, деловни партнери од Северна Македонија и од регионот, но и од Германија и Русија, претставници на градежната фела, како и претставници на Владата, компанијата Кнауф го одбележа големиот јубилеј – 25 години работење.

Во овие две и пол децении, пренесувајќи го искуството и знаењето од германскиот гигант Кнауф и на наши простори, кој е водечки производител на материјали и системи за градба на глобално ниво и бренд кој претставува синоним за квалитет и иновативност, Кнауф во земјава прерасна во лидер во воведувањето новитети во градежништвото.

Како што истакна Тодор Деловски, регионален директор на Кнауф за регионот Исток-Југозапад во својот поздравен говор, Кнауф и во иднина ќе продолжи да биде авангарда која создава вредности во градежништвото – за денес и за иднината и истовремено доверлив партнер кој може да ја реализира секоја замисла на клиентите. Во текот на неколкучасовното дружење, присутните можеа да уживаат во прекрасниот глас и изведба на Каролина Гочева и нејзиниот бенд. На крај, секој од гостите доби по парче селенит – прекрасен кристал на гипс којшто се вади од Кристалната пештера близу Дебар.

 

 

г-дин Тодор Деловски, регионален директор на Кнауф за регионот Исток-Југозапад

г-дин Манфред Грундке, Генерален директор на Групација Кнауф и г-дин Јанис Краулис, Регионален директор - Кнауф Исток

г-дин Горан Сугарески - Министер за транспорт и врски

Присутните можеа да уживаат во прекрасниот глас и изведба на Каролина Гочева