Кнауф вредности

Во текот на последните осум децении, Кнауф се разви од мал семеен бизнис во глобална групација на семејни бизниси.

Ние сè уште сакаме да растеме, а притоа да останеме верни на нашите вредности:

  • Човечност (Menschlichkeit)
  • Партнерство
  • Посветеност
  • Претприемачки дух

Кнауф е компанија што расте, со голем углед во земјава и во странство. Ова е наша одлика, нè прави различни од другите.

Нашите вредности нè дефинираат и обединуваат во Кнауф – каде и да сме на оваа планета. Овие вредности се однесуваат на луѓето кои ја основаа и ја изградија оваа компанија: членови на семејството, колеги и партнери.