Ви ги претставуваме транспортните дронови

Не, Кнауф сè уште не испорачува производи и системи со дронови. Но, правиме големи напори да ја подобриме организацијата на транспорт на градежни материјали.

Глобалниот пристап кон прашањето на животната средина е неизбежен и упатува на голем број важни теми, како што се рециклирањето, квалитетот на воздухот и користењето на природните ресурси. Тенденцијата да се ограничи влијанието на секојдневните активности (без разлика дали се економски или општествени) врз животната средина е трансверзална и неповратна. Транспортот е важен дел од ова еколошко прашање.

Не е тајна дека Кнауф се фокусира на интермодалниот транспорт. Ширум светот, ние користиме различни начини на испорака на нашите производи - копнен, воден и воздушен сообраќај. Постојано сме во потрага по начини да ја достигнеме нашата цел за намалување на емисиите на CO2. На пример, бродовите се составен дел на нашата глобална транспортна инфраструктура. Тие во голема мера ги заменуваат камионите на патиштата и на тој начин значително ги намалуваат емисиите на CO2. Онаму кадешто е неопходен камионски превоз, се трудиме тој да биде што поеколошки. Во Македонија, се стремиме да користиме добавувачи со камиони со ЕУРО 6 стандард за издувни гасови. Нашите добавувачи располагаат со 50 вакви возила.

Дали иднината ни носи Кнауф дронови? Не може со сигурност да се каже. Но сигурно е дека секој ден правиме се што е во наша моќ за да ја оптимизираме логистиката во корист на нашите клиенти и во корист на животната средина. Бидејќи на крајот, сепак нашето здравје е нашиот најголем ресурс.