Билборди што го прочистуваат воздухот поставени со поддршка од Кнауф

Со поддршка од Кнауф, првите CityTree зелени билборди се поставени во центарот на Скопје и во центарот на Тетово, со цел да помогнат во прочистување на воздухот, но и за подигање на свеста кај граѓаните, надлежните институции и бизнисите за квалитетот на воздухот кој го дишеме.

 

Составен од специфични видови мов со васкуларни растенија кои ја апсорбираат ситната прашина (ПМ 10 и ПМ 2,5 честички), азотните оксиди и озонот, еден CityTree билборд има способност да го прочистува воздухот еквивалентна на околу 275 дрвја. Неутрализира 240 тони јаглерод диоксид годишно и го компензира загадувањето од 417 автомобили.

 

Вертикалната структура CityTree е висока 4 метри, широка 3 метри и со длабочина од 60 сантиметри. Поставувањето на иновативните зелени билборди е дел од проектот за клима и заштита на климатските промени на НВО Екосвест и Германската амбасада во Скопје, овозможен од неколку компании меѓу кои и Кнауф, како дел од нашата општествена одговорност и грижа за заедницата.