Јавен Оглас за практикантска работа

 

Врз основа на член 11 став 1 алинеја 1 од Законот за практиканство („Службен
Весник на РМ“ бр.98/2019) како и член 53 став 5 точка 1 од Статутот на „Кнауф-
Радика“ АД – Дебар, Управниот одбор на Друштвото, објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС
за практиканска работа

 

1. “Кнауф-Радика”АД – Дебар има потреба од ангажирање на 1 (еден)
практикант кој ќе врши практиканска работа во времетраење од 3 месеци.

2. Апликантот треба да ги исполнува следниве услови:
- да не е во работен однос,
- да не е постар од 34 години
- да има завршено Економски факултет, финансиски
менаџмент/сметководство
- да го познава многу добро англискиот јазик, а пожелно е да го познава и
германскиот јазик
- да поседува компјутерски вештини, познавање на: Wоrd, Еxcеl, Power Point
и други програми

3. Рокот за аплицирање изнесува 5 дена, и истиот истекува на ден
06.09.2019 год.

4. Пријавата во писмена форма заедно со “CV” и копија од дипломата за
завршено соодветно образование, во определениот рок, се поднесуваат по
електронски пат на e-mail: nela.besjana@knauf.com.al
Некомплетната апликација како и апликацијата доставена по истекот на
наведениот рок нема да се земат во предвид.

5. Со избраниот кандидат ќе се склучи Договор за практиканство, додека
неизбраните кандидати благовремено ќе бидат известени за извршениот избор.

6. “Кнауф-Радика”АД – Дебар, го задржува правото по извршената
селекција од пријавените кандидати да спроведе разговори само со потесниот извршен
избор на кандидати.

 

“Кнауф-Радика”АД – Дебар
Ген.Дир. Тодор Деловски