Фабрика Кнауф Радика АД

Во 1997 год. Кнауф откупува акции во фабриката Радика во Дебар и започнува со изградба на нова модерна фабрика.

Се изгради комплетно нова инфраструктурна мрежа, нови производни и магацински објекти, управна зграда. Инсталирана е нова, целосно автоматизирана технолошка опрема, со што се обезбедува висок и постојан квалитет. Досегашните инвестиции изнесуваат околу 27 милиони Евра. Денес Кнауф-Радика е моќна фабрика со 190 вработени и годишни капацитети од 13 мил.м² гипскартонски плочи и 200.000 тони гипсени прашкасти производи и малтери. Производството е извозно ориентирано: 85% е наменето за околниот пазар: Србија, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Косово и 15% за Македонија.

Во рамките на фабриката Кнауф Радика редовно се одржуваат стручни семинари и симпозиуми од целиот Балкан - Србија, Црна гора, Бугарија , Албанија, Косово.