Политика за квалитет

Гаранција за квалитетот на производите на Кнауф Македонија е имплементираниот систем за управување, во согласност со меѓународните стандарди ISO 9001, ISO 14001 и OHSAS 18001. Квалитетот и биолошката беспрекорност на нашите производи, како и заштитата на животната средина, се наши врвни приоритети.






 

МИСИЈА

Наша мисија е да оствариме здрава работна средина која успешно ќе ги исполни:

  • превземените обврски кон клиентите
  • сите обврски кон корисниците и останатите заинтересирани страни и
  • законските и нормативните прописи, како и работните стандарди.

 

 

ВИЗИЈА

Ние создаваме вредности во градежништвото со помош на системите за сува градба и системите за малтери - за денес и за иднината. Нашите решенија го поедноставуваат планирањето и градбата и поттикнуваат задоволство на човекот. Континуирано се ангажираме за подобрување на нашите системи и воведуваме иновации на пазрот. Ние создаваме пазар и тежнееме за глобален раст. Ние сме авангарда за производство и процеси, за со цел да осигуруваме долгорочно постење на фабриката Кнауф.

Посебна важност и придаваме на комуникацијата, чесноста и отвореноста во работењето со клиентите, јавноста, како и на вработените.

 

 

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ, ЖИВОТНА СРЕДИНА, БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ

 

НАШАТА ПОСВЕТЕНОСТ

Фокусираност кон нашите клиенти, вработените и на животната средина се основа за градење на пријателства на неодредено време и развивање на Кнауф како одговорна членка на општеството.

Довербата на нашите клиенти ја оправдуваме со производи и услуги од највисок квалитет, кои се произвдени и продаваат на еколошки приватлив начин со посебна грижа за безбедноста и здравјето на вработените и на сите други учесници во овие процеси. Нашата посветеност на квалитетот, заштитата на животната средина, безбедноста и здравјето вклучува континуирано подобрување на интегрираниот менаџмент систем за управување, во согласност со меѓународно прифатените стандарди ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001 и Кнауф стандардот за безбедност, како и законските и другите позитивни акти и барања.

 

НАШИТЕ ЦЕЛИ

За да се постигне одржлив развој на општеството и зајакнување на конкурентноста на пазарот, се решивме за стратегијата на оперативна совршеност и долгорочно се определивме за исполнување на следните општи цели:

  • континуирано подобрување на квалитетот на нашите производи;
  • континуирано подобрување на нашето влијание врз животната средина, здравјето и безбедноста;
  • спречување на загадувањето, каде што е можно, и одговорно управување со природните ресурси;
  • спречување на повредите на работа и болестите поврзани со работата;
  • елиминирање и / или намалување на нивото на ризик по здравјето и безбедноста на прифатливо ниво;
  • дејствување во согласност со законите и прописите;
  • постојано подобрување на компетентноста на вработените;
  • постојано се промовира тимскиот дух и осигурување поттикнувачка работна околина за сите вработени на Кнауф-РАДИКА АД;
  • развивање на блиски односи со нашите клиенти и добавувачи, преку и ќе ги поттикнеме да се грижат за животната средина.

 

Раководството на Друштвото редовно ги утврдува годишните цели, така што овозможува остварување на стратешките цели кои се наведени во оваа политика.

 

НАШАТА ОДГОВОРНОСТ

Менаџментот гo поддржува развојот и имплементирањето на интегрираниот менаџмент систем за управување, и ја дефинира политиката на квалитет, животната средина, безбедноста и здравјето и активно учествува во неговото спроведување, следење и подобрување.

Сите наши вработени на сите нивоа имаат одговорност да дејствуваат во согласност со надлежностите доделени со документацијата на интегриран менаџмент систем за управување и континуирано да се грижат за квалитетот на производите, заштитата на животната средина, безбедноста и здравјето

Оваа политика за квалитет, животната средина и за безбедноста и здравјето е на располагање на сите вработени и акционери и истата редовно се ревидира.

 

 

Одобрил:

Генерален директор

Дипл.прав. Тодор Деловски

 

Дебар, 04.04.2016